Сноуден твитна кодирана порака и исчезна, постојат сомневања дека е убиен


Целиот свет стравува дека Едвард Сноуден е убиен или заробен, додека во меѓувреме сите се обидуваат да го дешифрираат неговиот твит.

Сноуден во петокот навечер на својот профил на Твитер напиша кодирана порака од 64 навидум по случаен избор распоредени бројки и букви, а потоа објави мистериозно предупредување во кое што пишувало: „Време е“.snouden

Пораката набрзо била избришана од неговиот профил на Твитер, а Сноуден потоа го контактирале неговите колеги од поранешната компанија.

Се шпекулира дека оваа порака на Сноуден би можела да биде клучот за дешифрирањето на големото протекување на документи или пак „темпирана бомба“ која што е наместена да реагира ако тој биде убиен или заробен.

Шифрираната порака од 64 знаци се претпоставува дека претставува алгоритам кој се користи како потпис за документ или пак лозинка, а постои опција одредена порака да се објави автоматски ако корисникот на профилот на Твитер редовно не се логира на својот профил.

Постојат разни теории што значи неговата шифрирана порака, но засега нема ништо конкретно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1