Албанската Влада издвои 100.000 евра за Македонија


Албанската Влада одлучи да испрати 100.000 евра за санирање на послеиците во настраданите подрачја во Македонија.

Веста ја соопшти министерот за финансии Дитмир Бушати, кој додаде дека продолжуваат контактите со македонските власти за добивање информации за предизвиканите штети, со цел помошта да продолжи.zname-albanija

– Ова е првичен фонд бидејќи македонските власти се уште немаат целосен, јасен биланс за причинетата штета и барањата. Албанија е секогаш до Македонија во секој момент, изјави Бушати.

Албанскиот државен врв веднаш по трагедијата што ја погоди Македонија, изразија длабоко сочувство и солидарност, како и целосна подготвеност да помогнат во санирањето на последиците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1