Видео од страшната сообраќајка на автопатот Скопје- Велес, две лица на Ургентен


Две лица се повредени во сообраќајката што се случила денеска во 14:10 часот на автопатот Скопје-Велес на 500 метри од исклучувањето за Катланово.soobrakajka-kaj-katlanovo-640x363

Според СВР Скопје, се работи за возило со српски регистарски таблички, кое од засега непознати причини излетало од патот.

Двете повредени лица се пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Во текот на полицискиот увид сообраќајот се одвиваше по една сообраќајна лента.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1