Снуп Дог доби двегодишна забрана за влез во Норвешка поради марихуана


Популарниот американски рапер, Снуп Дог, во наредните две години нема да може да патува во Норвешка, откако судот во оваа земја му е изрече казна за забрана за влез.

Ваквата одлука судот ја донел поради тоа што Снуп минатиот месец на аеродром во Норвешка, бил фатен како се обидува да прошверцува марихуана.
Неговиот правен застапник во Норвешка изјави дека раперот нема да ја обжали ваквата одлука и дека во прашање е одлука со која Снуп Дог „може да живее“.
Освен што кај него е пронајдена дрогата, Снуп се обидел во Норвешка да внесе и голема количина на пари околу 8600 долари, што е многу поголема сума од онаа која што оваа држаава ја дозволува.
Инаку ова е второ апсење на Снуп Дог оваа година, откако и во јануари беше фатен со марихуана, во близина на границата на Тексас.
Занимливо е тоа што популарниот пејач, изјави дека би сакал лично во соба преполна со марихуана, да седне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, како би го убедил да ја легализира неговата омилена дрога.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1