Куќите во иднина ќе го менувале обликот за да преживеат земјотрес


Како би изгледале нашите домови во иднина? Замислете го вашиот дом да биде изграден од еластичен материјал и при секој земјотрес, ѕидовите да се поместуваат заедно со земјата.


Со вакво решение во јавноста излезе и архитектот Фернандо Херера, кој ги презентираше своите проекции за изградба на идните куќи кои би можеле да ги „преживееат“ земјотресите во Калифорнија.

Архитектот предлага куќите да се градат од флексибилен материјал, како би можеле да се свиткаат. Така што кога ќе има земјотрес, куќата ќе се поместува заедно со Земјата и на тој начин ќе остане неуништена. Според архитектот Херера, структурата на куќата ќе претставува акумулација на материјализирани плетенки. Интезивното и опуштено обединување на плетенките ќе ги дефинира прозорите и ѕидовите.

Целата структура, од ѕидовите до прозорите е направена од плетенки, футуристички материјал. Со сличен проект неодамна излегоа и студентите по архиктектура Кајл Хернандез и Џејсон Орби-Смит.
Во моментов изградбата на ваквите куќи се само концепт, но не е исклучено во иднина градовите како Лос Анџелес и Сан Франциско да се прошируваат со градби од ваков тип.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1