Видео: Имала 1 желба – да собере пари за вода за оние кои немаат – загинала, по нејзината смрт милиони донирале


Девет годишната Рејчел Беквилт загина во сообраќајка. Пред да загине имала само една желба. Да собере пари за да се обезбеди вода за оние кои немаат.

Девојчето било упорно, но собрало само 200 долари. Еден месец подоцна загинала во сообраќајна несреќа. Нејзината мајка сакајќи да и ја исполни последната желба приказната за Рејчел им ја раскажала на медиумите.

За многу кусо време милиони донирале за нејзината последната желба. На крајот девојчето собрало 1.2 милиони долари и вода добиле 60.000 луѓе во 100 села во Етиопија.

На годишнината од нејзината смрт мајка и го посетила селото каде приказната на храброто девојче им донесе вода на жителите.

Ги пречекале илјадници луѓе – со транспаренти ти благодариме Рејчел – Водата е живот. Мајката на Рејчек со солзи во очите изјави дека желбата на Рејчел се исполнила.

Во селата каде потекла вода поради големото срце на Рејчел има и спомен плоча со нејзиното име – над неа тече вода.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1