Со булдожери срамниле пирамида на Маите стара 2.300 години – им требал каменот (Фото)


Градежна компанија со булдожери срамнила една од најголемите пирамиди од времето на Маите за да извадат камен потребен за изградба на пат, јавува Фокс њуз.

belize temple destroyedШефот на Археолошкиот институт на Белизе, мала тропска држава во Централна Америка, д-р Хајме Аве, изјавил дека уништувањето на пирамидата било откриено на крајот на минатата недела и дека останал само еден мал дел од централниот дел на објектот.

Аве додал и дека се разболел кога ја слушнал веста за уништувањето на пирамидата Номул и платформата на храмот, кои биле стари повеќе од 2.300 години.

Пирамидата била класична заоблена комора од времето на Маите.

Комплексот Номул се наоѓа на приватно земјиште, но, според законите на Белизе, сите антички археолошки остатоци се под државна заштита.

belize temple destroyed

belize temple destroyed 3

belize temple destroyed 2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1