Со години исчезнати, стотици загинати а не се знае зошто – Најголеми авионски мистерии (Видео)


Веќе два дена изминаа, откако некаде над Јужното Кинеско море мистериозно исчезна авион на „Малезијан ерлајнс“. Додека продолжува потрагата за авионот, погледнете ги петте најмистериозни случаи во светот на воздухопловството кои на ист или сличен начин ги збунија истражувачите. Дел од овие несреќи се уште не се решени

ЕР Франс“, лет 447 (2009)

airfranceКомбинација на технички дефекти- Истражувачите со месеци не можеа да ги утврдат причините за несреќата на авионот на линија од Рио де Жанеиро до Париз, кој исчезна над Атланскиот океан.

Две недели по инцидентот, на прво јуни 2009 година, најдени се делови од авионот и 228 патници и членови на екипажот, но дури две години подоцна откриен е главниот дел од остатокот од „Ербас 330“ и црната кутија. Конечниот извештај на БЕА; официјална агенција за истражување авионски несреќи, објавен беше во јули 2012 година.

Утврдено е дека несреќата била резултат на комбинација на технички дефекти и пропусти недоволно обучени пилоти, а се случила кога авионот летал низ подрачјето во кое беснеела бура со грмотевици.
)
ТВА, лет 800 (1996)
Експлодирал во воздух-Авионот на компанијата ТВА на летот 800, кој во 1996 година експлодираше во воздух близу крајбрежјето на Лонг Ајленд (Њујорк) и денес е тема околу која  се коваат теории на заговор, вклучувајќи ја и онаа дека „боингот 747-100“ на летот за Париз бил мета на напад на терористи или дека го погодил метеор. Во несреќата загинаа 230 патници.

ФБИ и НТСБ кои четири години трагале за причините за несреќата, констатирале дека  оштетени кабли биле причина за несреќата, поради што се запалил резервоарот за гориво, само 12 минути откако авионот полетал за Меѓународниот аеродром „Џон Ф.Кенеди“.

)
„УС Ер“ лет 427 (1994)
Паднал при брзина од 480 километри на час- Краткиот лет во домашниот сообраќај од Меѓународниот аеродром „О-Хер“ во Чикаго до Питсбург заврши со крвопролевање кога авионот со 132 патници и членови на екипажот се сруши при брзина од 480 километри на час. Ужасната катастрофа се случила на осми септември 1994 година, десет минути пред авионот да треба да слета во Питсбург. Истрагата на крајот покажала дека неискусните пилоти поради дефект на кормилото на авионот изгубиле контрола над леталото.
)

„Флајинг тајгер“ лет 739 (1962)

Не е пронајден ниту по 50 години- Повеќе од 50 години откако што исчезнал без трага, авионот на американската авио-компанија „Флајинг тајгер“, кој го изнајмила американската војска, тој се уште не е пронајден.

avion2На 15 март 1962 година, кога авионот „Супер консталејшен Л-1049“, кој превезувал војници и залихи од Калифорнија во Сајгон (Виетнам), исчезнал кога требало да наточи гориво на островот Гвам, бил и ведар ден. Ниту во овој случај не се испратени сигнали за повик на помош и се претпоставува дека 107 патници и членови на екипажот загинале. Војската повеќе пати организирала потрага, но не се пронајдени било какви докази за авионот, ниту е утврдена причината за неговото исчезнување.

„Пан ам“, лет 7 (1957)
Непозната причина за несреќа- Осми ноември 1957 година, „боинг 337“ на лет од Сан Франциско за Хаваи, исчезнал во Тихи океан. Една недела подоцна, остатоците и жртвите биле пронајдени, а причините за несреќата не се утврдени. токсиколошките извештаи покажале зголемено ниво на јаглерод-моноксид во телата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1