Со инспекции и казни ќе се проверуваат газдите дали исплаќаат минимална плата


Со казни и контроли министерството за труд ќе утврдува дали газдите ќе ја исплаќаат минималната плата. Министерката Царовска вели дека учинокот кој стои во законот како услов за исплата на минималецот е дискутабилен и може да има злоупотреби.

Синдикатот пред два дена обелодени дека загарантирана плата нема да има за сите работници, туку само за тие кои ќе оставарт норма. Но не е презизирано кој и како ќе се утврдува истата.

Од Синдикаот на индустријата се револтирани – во преговорите со влада на социјално- економскиот совет било одлучено учинкот повеќе да не посоти, но откако законот е влезен во собрание, терминот е вратен во текстот.

Од септември минимална плата од 12 илјади денари треба да добијат 130 илјади работници.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1