Двајца повредени и повеќемина приведени навивачи е билансот од вчерашниот натпревар меѓу ракометните клубови Вардар и Металург, соопшти МВР.
Околу 150-200 навивачи на Вардар фрлале камења, шишиња и други предмети кон полицајците затоа што не ги пуштиле во спортската сала „Борис Трајковски” каде што се играше натпреварот.
Повреден е четириесет иедногодишен скопјанец кој бил задржан на лекување во градската боилница и вработен во агенцијата за обезбедување „Перпетум мобиле” кој го обезбедувал натпреварот. Тој бил пренсен на лекување во ургентниот центар во Скопје.
Приведени се повеќе лица поради сомнение дека го нарушиле јавниот ред и мир, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Металур синоќа го порази Вардар во дерби мечот од 6-то коло во Ц групата во Лигата на шампиони