Ова е контроверзен прилог на Алекс Џонс, во кој се разоткриени плановите на светската влада и нивната намера за труење на храната и водата, со цел да се намали населението. Од сите информации собрани во текот на годините на ова истражување, ова се најважните. Од вас цело време затскриени. Ова е најголемата тајна која сега ќе излезе на виделина.
Поседувам стотина владини документи, кои последните осумдесет години докажуваат за труењето на храната и водата, како популацијата би се разболела и стерилизирала. Се е објаеснето во книгата „Еконаука“ која ја напишал експертот од Белата Куќа, Џон П. Холдерн. Се зборува за планетарната полициска држава, која ќе изврши стерилизација, како и комбинирање на водата и храната поради стерилизирање на луѓето.
Ова го напишал неколку години пред да дојде на позицијата во Белата куќа во кабинетот за наука и технологија.
Не сите намирници се штетни, но повеќето содржат состојки, штетни хемикалии кои се додадени, а се отровни и штетни по здравјето. Тие тоа го знаеле цело време и го одобриле за употреба.
Ќе почнеме со аспартам
Повеќе не можете да отидете во продавница и да купите мастика, а истата да не содржи аспартам како додаток. 70-те години Сеарл, се обидел да добие одобрување, но безуспешно. Биле потребни три обиди, затоа што во нивното истражување спроведено на мајмуни, повеќето од тестираните субјекти умреле од рак. ЕУ направила истражувања и добила резултати за децата родени со премала тежина, прерано породување, кај оние жени кои пиеле пијалоци на база аспартам како на пример „Зеро-Кола“.
Што е аспартам?
Тоа е фекален отпад Екола бактерија. Тој е генетски модифициран, нахранет со токсичен отпад.
Има до толку многу нус-појави што просто е необјасниво.
Се е однапред испланирано. Низ сето тоа се создава и зависноста.
Но, ајде да позборуваме за Мекдоналдс и неговото пилешко месо Chicken McNuggets.
Пред 10 години читав во нив, како и во многу други прехрамбени продукти се наоѓа додавал еден вид на пластика слична на силикон (dimethyl Polysiloxane).
Додавањето на овој адитив е илегален во сите овие останати земји во светот, но не и во САД. Тајната во тоа е што ова е испланирано од страна на FDA (службата за контрола на храна и лекови). Погледнете само кои лекови се одобруваат, а истите предизвикуваат срцеви удари и рак.
Откако јавноста била запозната со ова, признале дека количината од 1:1000000 натриум флорид, двојно го зголемува ризикот за рак на коските кај децата и мажите. Одговорот на владините корпорации бил не само да се додаде во водата, туку и во илјадниците други производи. Почнале да додаваат и количина од 900:1,000,000 во јајцата во прав. Тоа предизвикува пад на коефициентот на интелегенцијата, го зголемува стерилитетот, а се додава и во толку многу намирници кои ги конзумираме.
Да ги погледнеме генетските модифицирани организми (GMO)
Дали сте знаеле дека веќе долг период, Американците се хранат со клонирани говеда, свињи, а сега се проширува и на останатите видови на животинско царство. Да го земеме лососот. Научните истражувања докажале дека врстите на ГМО лососот, е добиен со вкрстување на лосос со други животни, а кога ќе дојде до средба со природен див лосос, доаѓа до изумирање на дивиот лосос во период од 40 генерации.
FDA го одобрила и ова. И го дозволила неговото пуштање во дивината… Тоа како прво не е лосос. Тоа е еден вид кој се нарекува Камир. Тоа е некаков микс, како од лабораторијата на доктор Мореауа, како од ноќна мора.
Повеќе од 85% од пченката која се конзумира во САД, а која се испорачува и во Европа и Канада е ГМО. Во неа има пестициди кој дури ни инсектите не го јадат. А не го јадат затоа што умираат. Што мислите што ќе се случи со лабораториските животни и луѓето.
Буквално, стотина истражувања покажуваат дека не само Монсанто, туку и други претпријатија произведуваат ГМО. Пченката е поврзана со откажување на органите на тестираните глувци, како и со масовниот стерилитет на истите животни. Тие не само што се хранети со ГМО пченка, туку и со семе од памук.
Студиите во Индија, Германија и САД покажале дека семето од памук се користело како храна за кравите, кои потоа ги „побацуваат“ телињата, или телињата се закржлавени, или во многу случаи умираат при самото отелување.
А што се наоѓа во поголемиот дел од процесуираната храна?
Масло од ГМО семениот памук. Студијата потврдува да ГМО ги убива пчелите и пеперутките. Но, не запира се тука. Сега тврдат дека во биосферата пуштаат комарци отпорни на маларија. Генетскиот код на планетата, благо речено, уништува се и ги потхранува злите корпорации.
Пред неколку години директорот на Монсанто, цитиран во „National Geographic“ изјавил дека тоа е неговата програма и дека сака преку нивните посеви и организми да ја преземат биосферата.
Најголемата компанија која се занимава со генетски инжинеринг, се фокусира на осум главни видови на посеви, а сега ја прошируваат на стотини видови други билки кои го менуваат генетскиот код на планетата.
Ова е генетска диктатура, вандализам…
Поради тоа Рокфелер и ОН изградиле големи плантажи вооружани со стражари по целиот свет, а не само во Африка. Потоа признале дека тоа го направиле во случај да нешто тргне на лошо, дека тоа е еден вид на Ноевата арка.
Сите тие лажни служби на заштита на околината, никогаш не се пожалиле поради ова, не зборуваат за вистинското уништување на околината. Они сакаат да воведат данок на CO2, кои луѓето го издишуваат, а кој билките го дишат и вршат фотосинтеза, како би ги затвориле индустриските друштва и нивното постоење, односно би ги контролорале нашите животи. Тоа е голема тајна! Тоа е програма на редукција на популацијата. Тоа е епидемија.
Бројот на сперматозоидите на западниот човек, експоненцијално опаѓа. Дури и владата предвидела, дека во наредната генерација, речиси сите ќе бидат стерилни.
Ова е глобалистичка религија, нивна филозофија. Тие ја сакаат планетата за себе.
ОН истакнаа дека нивниот план е намалување на популацијата за 80%.
Слушнавте дека Тед Тарнер луѓето ги нарече бескорисни и дека 80 % од нив треба да бидат убиени. Ја слушнавте приказната на Филип, кој изјави дека по смртта сака да се врати како вирус и да ги убие поголемиот дел од популацијата.
И доктор Ерик Пианк и Петар Сингер зборуваат за масовната редукција на популацијата. Константно на вестите се зборува дека треба да имаме само едно дете, затоа што се повеќе од тоа е лошо за околината и дека намалувањето на луѓето значи и намалување на CO2. Тоа е голема тајна.
Живееме под диктатура на научниците, а САД и Англија се епицентарот на се и се шират на глобално ниво.
Се сеќавате на тајните експерименти, стерилизацијата во САД и Европа. Се сеќавате што направил Хитлер. Тој научил од Еугенист и Рокфелер од САД. Ова е култура на смртта наметната на вам и вашето семејство и без оглед што сметате дека светот е пренаселен, вие сте метата.
Хормонот на раст во млекото ги тера вашите деца, осумгодишни девојчиња да бидат во пубертет, наместо истиот спонтано да се доживее во дванаесеттата или тринаесеттата година.
Силиконот во пилешкото во Мекдоналдс, стотините видови на преработена храна, аспартамот, фекалиите ГМО, Еколата, бактериите, предизвикуваат огромен број на болести.
Размислете тоа го има насекаде.
Месото го прскаат со вирален спреј со цел да ги уништат бактериите во истото. Но, истото станува уште полошо. Нафтените дестилати, односно токсичниот отпад, кој настанува во рафинериите за преработката на нафтата, ја земаат со тони и тони отпад флуор, жива, олово и го посипуваат по посевите како ѓубриво. И што се случува тогаш со патлиџанот, пченката компирот?
Тие ги апсорбираат сите тие токсини, а потоа вие истите ги јадете.
Затоа Вашингтон Пост во 2008 година објави дека третина од популарната храна и пијалоци се загадени со жива.
И покрај фактот дека Европјаните се противат на модифицираната храна истите се пренатрупани со неа. САД е тест зона. Автоматски се се одобрува, а луѓето кои работат за оваа компанија, не знаат што се случува, како ни луѓето кои ја продаваат оваа храна. Ова влијае на сите нас.
Појавата на рак е во абнормален пораст, дијабетисот… Сите овие болести се поврзани со токсичните адитиви од нашата храна и вода. Биле направени илјадници интервјуа со неурохирурзи, неуролози, научници…
MSG (натриум глутамат) го разорува мозокот, екситоксинот го разјадува црниот дроб, а присутен е во десетици илјади производи.
Можеме да кажеме не. Ако имате сосед кој на своето дете му дава флорирана вода, ве молиме предупредете го.
Ако јаде чипс со MSG адитив, предупредете го, затоа што сепак имате одговорност.
Ако познавате луѓе кои се хранат со ГМО преработена храна, предупредете ги, и АМАН не ги хранете вашите деца со тоа.
Ако сакате да се убиете тоа е ваше лично право, но немојте и вашите деца. ВЕ МОЛАМ немојте!
Не можете да најдете ни паста за заби без натриум флуорид, а сега на етикетата дури и со јасни букви напишале, ако ја проголтате веднаш посетете лекар. Сега има паста без Натриум флорид.
Луѓето не сакаат да бидат труени, сакаат да знаат што се случува, така што индустријата одговара на нивните барања, давајќи им барем избор, односно да не бидат насилно дрогирани со храна и вода.
Знаете дека цигарите се штетни. Пред 20 години, повеќето работи што се додавале во храната и водата биле далеку полоши, дури и од цигарите, иако тие се едни од најголемите убијци во државата. Тоа е испланирано убивање. Едно е важно да сватите, дека најголемиот ваш убиец, е вашата продавница со прехранбени продукти, како и водата од вашите чешми.