Со консумирање ореви полесно ќе станете татко!


Научниците откриле дека оревите ја подобруваат плодноста кај мажот и ја зголемуваат можноста тој да стане татко. Консумирањето на 75 грама ореви на ден во период од три месеци го подобрува квалитетот на спермата и го зголемува вкупниот број на сперматозоиди кај мажите, тврди една студија спроведена на Универзитетот во Калифорнија.

На тој начин мажите со намалена плодност можат да ги зголемат своите шанси за татковство на здрав и сигурен начин.

Научниците од сите јаткасти плодови ги одбраа оревите бидејќи тие се најдобар извор на полинезаситени масни киселини, а богати се и со омега три и омега шест масни киселини.

Мажитекои секојдневно јаделе ореви имале просечно зголемување во брзината на сперматозоидите од 3 отсто.

Покрај тоа кај нив значително биле забележани помал број на случаи на анеуплоидија, пореметување поради кое сперматозоидите имаат премалку или премногу хромозоми.

Денеска секој шести пар има проблем со зачнувањето, а во 40 отсто од случаите за тоа одговорен е лошиот квалитет на спермата или премаалиот број на сперматозоиди.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1