Со купената играчка, добила и писмо на очајниот работник од кинески работен логор


Џули Кејт од Орегон во производот кој го купила од трговскиот ланец Кмарт, пронашла и писмо, чиј автор очајнички моли за помош. Писмото наводно било напишано од кинески работник кој произведува божиќни украси, а како што било напишано во истото, ги произведувал во крајно брутални и мизерни услови.

60737413
„Господине доколку некогаш го купите овој производ, љубезно ве молам истото да го испратите до Светската организација за човекови права. Илјадници луѓе кои се во прогон од страна на владата и комунистичката партија, ќе ви бидат вечно благодарни“, пишува во писмото.

Авторот на писмото пишува дека производот е направен во работниот камп Масанија во Шангај во Кина, каде што работниците се присилени да работат и по 15 часа дневно, а слободни денови немаат ниту за викендите и празниците. Цело време се мачени, претепани и навредувани. За работата не добиваат никаква надокнада“, стои во писмото напишано на англиски јазик со неколку кинески знакови.

60737414Работниците во работниот камп заработуваат 10 јуани месечно. Директорката за човекови права за Кина, Софи Ричардсон, изјавила дека не може да ја потврди автентичноста на писмото, но е прилично убедена дека во кампот се прави баш онака како што е напишано во писмото.

„Мислам дека опишаното во писмото одговара на ситуацијата за тоа што го знаеме за условите во работните кампови“, изјавила Ричардсон.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1