Со лажен профил на Фејсбук уценувал мали девојчиња – уапсен балкански педофил (Видео)


Уапсен е З.Л. (1979) од Мал Зворник. Се сомневаат дека осомничениот лажно се претставувал на Фејсбук за да уценува малолетнички и деца.

fejs pedofil

Осомничениот се претставувал како Никола Ивановиќ, а со жртвите стапувал во контакт за да, откако ќе стекнат доверба, да им побара разголени фотографии.

pedofil profilДевојките ги терал преку веб-камера да изведуваат експлицитни порнографски претстави кои му служеле за самозадоволување.

Доколку би го одбиле, ги уценувал и им се заканувал дека ќе им ги покаже разголените фотографии на нивните родители и познаници.

Полицијата соопштила дека снимките од нивните порнографски претстави и разголените фотографии ги чувал во својот мобилен телефон, а на својот лажен профил на Фејсбук ги продавал за 150 до 300 куни.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1