Тело на 66-годишна старица било пронајдено во стан во Германија по шест месеци од нејзината смрт, која настанала потпрена во фотелјата пред телевизорот, кој бил вклучен кога таа била пронајдена
Жената која е од градот Оберурсел кај Франкфурт, умрела од природна смрт.Кога била пронајдена во рацете имала далечински управувач, светлата биле вклучени, а телото било мумифицирано.
Соседите пријавиле во полицијата дека нешто се случува со неа, откако забележале дека поштенското сандаче било преполно со писма и сметки.
Во Германија се почесто има случаи на откривање на стари лица неколку месеци по нивната смрт, а оваа појава укажа на проблемот во оваа земја со негрижата за лицата во поодминати години кои живеат сами.










