Рудолф Бројс е натуропат кој развил метода против рак- терапевтско гладување позната како „Тотална терапија”. Тој е автор на книгата „Рак, леукемија и други навидум неизлечиви болести“. Во книгата наведува дека со неговиот метод до 1980 година излечил повеќе од 40.000 болни од рак и други сериозни болести.
Со глад против рак
За Бројс, ракот е самостојна творба внатре во телото, на која за раст и развој и се потребни протеини кои се наоѓаат во цврстата храна, и, согласно со тоа, може да се уништи со глад и внесување на сокови од органски одгледуван зеленчук.
Бидејќи тие не содржат протеини, телото ќе почне да ги црпе од туморот, што на крајот ќе доведе до негово разградување.Бројс користи сок од коренест зеленчук. Терапијата која ја препорачува се состои од пиење 3-5 дл сок од цвекло, морков, целер, ротквици и компири.
Покрај тоа, во зависност од заболените органи и ткива, се зема 2 литри мешавина од чаеви на ден и во 2 дл бистра супа од кромид. За време на терапијата од исхраната треба да се исфрли шеќерот, белото брашно, сувомесните производи и конзервираната храна.
Покрај горенаведеното, се препорачува и свеж воздух, вежбање и масажа.
Оваа метода на Бројс не е непозната и кај нас. Но, нашите лекари се строго против тоа заболените од рак да ја применуваат.
Како се применува Бројс диетата и што треба да правите – прочитајте на следниот ЛИНК