Со овации отворен споменикот „Двоглав орел“ во Топанско


Со аплаузи и овации, граѓаните го поздравија свеченото спуштање на црвената завеса и откривањето на споменикот двоглав орел во Топанско поле. Споменикот е во чест на одбележувањето на 15 годишнината од почетокот на воениот конфликт во Танушевци во 2001-та година.dvoglav orel

Има ли подобар начин да се одбележи овој ден – изјави Ахмети.

Издигнувањето на споменикот предизвика реакции во јавноста, откако град Скопје се огласи велејќи дека тој е непрописно поставен, без дозвола и како што рекоа без претходна информација. Вчера пак, градоначалникот Меџити изјави дека претходно остварил средба со Трајановски каде предмет на разговор биле процедурите околку поставувањето на споменикот.

Општината своите тврдења дека споменикот не е дивоградба треба ги поткрепи со документи до Државниот градежен инспекторат, а рокот истекува утре. Оваа институција со своите инспектори излезе на терен во петокот по претходно барање од град Скопје.Доколку општина Чаир не одговори на барањата на Инспекторатот, ќе побараат заеднички надзор со Управен инспекторат, а може да следат прекршочни пријави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1