Меркел е против затворањето на границите пред бранот мигранти


Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека ќе бара реализација на договорот за миграција меѓу Европската унија и Турција.

Според неа алтернативата за затворање на границите со цел ограничување на бегалскиот бран кон Европа ќе има големи последици за Унијата.Angela-Merkel-izbeglice-migranti-620x350

Меркел изјави на прес конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека на средбата на врвот во Брисел оваа недела нема да се разгледуваат нови квоти за распределување на бегалците во Европа.

Наместо тоа, тема на дискусиите ќе биде дали договорот на ЕУ со Турција може успешно да се справо со мигранскиот бран или Унијата „ќе се предаде и ќе ја затвори грчко-македонско-бугарската граница со сите очекувани последици за Грција, ЕУ и Шенген“, нагласи таа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1