Промените во изборот на шминка и облека навистина може да направат да изгледате подмладат за неколку години
Внимателно избирајте каква боја на коса ке ставите
Екстремните избори на фарба за коса оставете ги на модните ѕвезди како Лејди Гага. Премногу бланширана коса ги губи златните тонови на убава плава коса благодарејки на кои таа изгледа млада и убава. Премногу темна боја на коса која при тоа не му одговара на вашиот тен исто така може да делува неприродно.
Осветлете го тенот со помош на коректор или посветла нијанаса течна пудра
Не ја ограничувајте ја употребата на коректор само за подочници. Внимателно нанесете го на внатрешните и надворешни агли од очите како и на надворешната страна на носниците и, или на краевите на усните. Тоа е најнов трик за кој шминкерите се колнат дека симнува неколку години за час.
Избегнувајте мејк-ап во прав
„ Сувата “ шминка ве прави постари, а кожата посува. Со годините кожата произведува помалку масти, така што хидратантен мејк-ап со годините е се попосакуван во козметичката ташничка. Префрлете се на хидратантни креми во боја со светликав ефект. За бронзери и руменила исто така подобро одберете кремасти варијанти. Неколку капки shimmer на јагодиците е еквивалент на убава светлост на фотографиите.
средената коса привлекува некогаш повејке внимание од било кој друг дел на телото
Годините на боење и третман со хемиско третирање на косата ја прават сува и безживотна. Повратете го нејзиниот сјај со глос за коса или за секојдневен блесок нанесете серум за нега.
Одберете пантолони кои ке му дадат посекси облик на вашето тело
Образите не се единствен дел од телото кој со годините омлитавува. Слична судбина има и задникот која со тек на времето губи цврстина и затегнатост. Но, тоа многу лесно може да се камуфлира со вистински избор на пантолони. Секогаш бирајте ги оние кои содржат барем 2% еластин. Ако пантолоните имаат повеќе од 98% памук лесно се растегнуваат и не му ја даваат потребната „ потпора “ на задникот.
за помлад изглед користете шминката која ја нарекуваат „ eye lift “
За да го исправите изгледот на спуштени капаци послужете се со трикот на шминкерите. По ивица на трепките нанесете посветла сенка за очи, додека на лакот под веѓите нанесете темна сенка. Во тој случај избегнувајте нанесување на римел на долните трепки.
Немојте да се ограничувате со бројот и буквата означени на градникот. Добар градник е оној кој ги подига вашите гради истовремено стеснувајки го струкот и ве прави витки.
„ Осветлете “ ги усните
Докажано е дека и најсочните усни со време губат волумен. Темни и мат кармини тоа само го нагласуваат. Наместо нив одберете посветли нијанси на сјај кој со годините треба да бидат со погуста текстура.
јаболчниците се важен дел од лицето затоа потрудетесе да ги истакнете
Како што образите омлитавуваат, лицето добива уморен изглед. За да го поправите тоа визуелно може да искористите руменило или разни мејкапи на база на колаген или хијалуронска киселина.
во вашиот гардеробер додатете некое модно парче кое не е секојденевно за вас
Во својот препознатлив стил секогаш додадете нешто неочекувано. Интересен брош ако се облекувате во „ стил за на работа “, или некое сако во вашиот откачен имиџ. Тоа ќе ја покаже вашата отвореност кон различни влијанија што секогаш било младешки.
Послужете се со трик!
мал трик како да добиете усни -ангелина јоли
Исцртајте ги со молив во нијанса на вашата уста и при тоа внимавајте да не ја преминува природната ивица на усните. Потоа нанесете кармин со посветла нијанса. Избегнувајте исцртување со темен молив
Мое Здравје