Замислете да сте врзани на вашите раце и нозе и ставени во изолирана, мала, темна соба со слушалки на ушите кои не можете да ги тргнете. „We are the champion“ oд Queen веќе 30 часа постојано се врти на цел глас, а вие веќе сте ја изгубиле способноста да размислувате. А ова се случува со месеци.
Измачувањето со музика била честа пракса на ЦИА која била применувана уште од почетокот на 2000 година. Процесот бил дизајниран да внеси страв и дизориентација и да го пролонгира шокот на затвореникот.
„Ако свири 24 часа, функциите на мозокот и телото започнуваат да се одделуваат, твоите мисли забавуваат, а твојата волја е уништена. Токму тогаш е времето кога треба да зборуваш со нив“, вели Полковник Марк Хадсел, член од американскиот тим за психолошки операции.
Било која метода на измачување е дискутабилно – меѓутоа измачувањето со музика беше популарно бидејќи јавноста сметаше дека е поблага форма. Меѓутоа да се слушнат искуствата на луѓето кои биле предмети на измачување со овие песни, всушност го прикажува целиот ужасен процес на овој вид на измачување.
Ова се песните кои биле употребувани во измачувањето.
1. “The Real Slim Shady” – Eminem
„Ја слушав оваа песна повторно и повторно. ЦИА работеше на луѓе, вклучувајќи ме и мене, со денови и ноќи. Голем дел од нив го изгубија умот“ – Мохамед Бинјам.
2. “Take Your Best Shot” – Dope
„Можам да поднесам тепање, не е проблем. Еднаш откако ќе прифатиш дека ќе одиш во собата за испрашување и ќе бидеш истепан, е во ред. Се подготвуваш за тоа ментално. Но кога си психички малтретиран, едноставно не можеш. Особено со музиката. Започнуваш да полудуваш. После некое време не слушаш текст, во твојата глава слушаш само тешко тропање“.
3. „Dirrty“ – Christina Aguilera
Мохамед ал Кахатани, еден од учесниците во 9/11 нападот, добивал измачување со одредена „музичка тема“ поставена за него. Сексуалноста во песната на Агилера го спречувало него да остане Муслиман.
4. „Zikrayati (My Memories)“ – Mohamed el-Qasabgi
Како дел од темата „лош Муслиман“, испитувачите понекогаш користеле позната музика, со надеж дека ќе предизвикаат муслимански културални табуа и вина кај луѓето преку уживањето во музика во одредени свети денови за нив.
Испитаниците пуштале арапска музика за првиот ден на Рамадан. „Беше прекршување на исламскиот закон да се слуша арапска музика“ – Катани.
5. „Babylon“ – David Grey
Испитувачите ја користеле меката рок балада на Греј во нивното измачување поради библиските конотации во насловот. Сузан Кусик, која спроведувала истражување за измачувањето со песни вели дека музичката тортура оперира со тоа што затвореникот го одделува од неговото „безбедно место“.
6. „I Love You“ – The Barney Theme
Ова била посебно користена песна. Боб Синглетон кој ја напишал песната се насмеал кога слушнал дека ЦИА ја користела за мачење: „Звучи лудо оваа песна да ве доведе до лудило“. Очигледно не се обидел да ја слуша со слушалки во ушите со недели.
7. „Saturday Night Fever“ – Bee Gees
Моазам Бег, кој бил уапсен од ЦИА во Пакистан во 2002 година вели: „Мислев дека прво станува збор за шега. Цела вечер ја слушав оваа песна и си реков дека ќе биде тешко да ме убедат да зборувам токму со неа. Но, всушност беше ужасно“.
8. Meow Mix
„Не можете да престанете да се смеете бидејќи сфаќате дека всушност со оваа песна ве измачуваат. Но, после долга и тешка ментална сесија, се случува промена на динамиката на оваа песна која знае да биде излудувачка“, вели новинарот Џастин Шарок.
9. „The beautiful people“ – Marilyn Manson
Луѓето кои страдале најмногу всушност доаѓале од рурални делови на Авганистан и Јемен кои никогаш не биле изложени на западна музика.
„Ја губиш способноста за рутински сон. Едноставно полудуваш. Луѓето губеа контрола врз нивните сетила, удираа, плачеа…“, вели Бег.
10. „Fuck Your God“ – Deicide
Tони Лагоуранис, поранешен преведувач во американската армија вели дека еден ден полудел додека испрашувале затвореник на кого му пуштале хеви метал.
„Едноставно полудев. Музиката и светлата ме правеа се’ поагресивен. И затвореникот кој не соработуваше ме правеше луд“.
11. „We are the champions“ – Queen
Ветеранот Доналд Ванс кој бил уапсен поради тоа што бил шпион, успеал да преживее поради неговиот воен тренинг.
„Не можам да се сетам колку пати ја слушнав „We are the champions“, вели тој. Ванс преживеал така што започнал да си зборува со себеси, да си раскажува шеги.