Со овие професии ќе може да го прошетате светот


За многумина, идејата да заработуваш патувајќи е нешто романтично, возбудливо и предизвикувачки. За други пак, самата идеја дека треба постојано да се во движење, незнаејќи каде ќе завршат и сместувањето по разни хотели и непознати места е исцрпувачки. Додека многу луѓе мислат дека најчесто професиите кои овозможуваат патување низ светот се оние на пилотите или помошниот персонал во авиокомпанија, сепак постојат многу алтернативи кои нудат можност за работа за оние кои сакаат да патуваат. Еве неколку од нив.

kufer patНовинари                                                                                                    

Странските новинари (дописници) кои работат за разни весници, списанија или телевизиски канали никогаш не знаат каде ќе ги одведе следната приказна. Има новинари кои престојуваат одреден период на одредено место, но има и новинари кои патуваат секогаш кога ќе се случи некоја вест.

Хуманитарна работа

Лицата кои работат за хуманитарните групи кои им помагаат на народите од Третиот свет, одат на места каде има природни катастрофи, на разни места низ светот каде има потреба од меѓународна помош.

Државни службеници

Политичарите и државните службеници кои работат со Владата во меѓународните одделенија, често посетуваат голем број дестинации низ светот за да ја завршат својата работа.

walking-to-workТуристички агенти

Туристичките агенти и туристичките водичи често посетуваат разни дестинации со цел да проверат што точно им се нуди на клиентите или пак со цел прво самите да ја поминат понудената тура.

Директори на корпорации

Работата на извршно ниво во компанијата вклучува поделба на претставништва на компанијата во странство. Повеќето директори на корпорации патуваат во странски земји.

Шпиони

Приклучи се кон Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за светот. ЦИА е меѓународна полициска сила на САД.

VoStip.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1