Со пиштоли и Куран во куферот – уапсен маж во Дизниленд во Париз


Во еден од хотелите на Дизниленд Париз е уапсено 28-годишно лице и веднаш е притворено, откако беше откриено дека во неговиот куфер носи два автоматски пиштоли со калибар од 7,65 милиметри, како и кутија со куршуми и Куран.diznilend

Оружјето беше откриено при поминувањето низ безбедносната врата на хотелот „Њујорк“, што се наоѓа на брегот на езерото на Дизни-селото, која веднаш алармираше откако лицето ја помина. Тој веднаш беше запрен од обезбедувањето на хотелот, кое потоа му го предаде на полицијата. При апсењето не пружил отпор.

Младата жена која го придружувала побегнала. Лицето имало резервирано соба за две лица. Околу неговиот автомобил е поставен безбедносен периметар во очекување на службите за деминирање, кои ќе треба да го проверат.

Ова лице, со место на живеење во Париз и е познато на полицијата поради возење на автомобил без возачка дозвола.

Според префектот на Сена и Марна, Жан-Лук Маркс, не се знаат засега точните намери на уапсеното лице.

Франција се наоѓа се уште во вонредна ситуација по атенатите од 13 ноември 2015.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1