Скопјанка нервозна на овие горештини цел час чекала да и го одблокираат возилото на кое вработен во паркинг службата му ставил лисица – иако жената за автомобилот имала платено месечен билет за паркирање. Еве што вели таа под фотографиите кои ги објави на фејсбук
,, И со платена месечна сметка за паркинг можело да ти ја блокираат колата и да ти стават лисици.Да ти вика дека ке ти го скрши телефонот ако го сликаш и да му вика на твојот маж: да си ја прибереш жена ти зашто ќе ја тепам.Па и плус да те изнавреѓа, да ти каже сељанка, види се на што личиш, а баш си бев дотерана, зашто денес ми е роденден.Јупииии!!!Среќен ми роденден моја прекрасна Македонијо!!!!!,,