Со саксофонот го пројде светот – конечно концерт и во Македонија


stole2

Стојан Димов, кларинетист и саксофонист, низа години наназад со својот саксофон патува низ целиот свет – Италија,Франција, Шпанија, САД, Руска Федерација, Канада, Израел, Мароко, Кина, Мексико, Аргентина…

Соработувал со значајни оркестри, групи и личности од светот на музиката и шоу бизнисот воопшто, како – Транс атлантико камерен оркестар, Абсолут ансамбл, Гудачите на Св.Ѓорѓе, Горан Бреговиќ, Џипси кингс…,

Застапувајќи ги во изведбите речиси сите епохи и жанрови од класичната, преку поп, фолк, клецмер, џез…. до нешто што се нарекува world music.

По непредвидена “пауза” од осум години лично неучество на македонската музичка сцена, конечно се створи услов за еден концерт во Скопје.

STOLE,, Ми причинува особено задоволство што конено сум повторно со концерт во Скопје.  Со задоволство ја креирам програмата со мојата долгогодишна соработничка, пијанистката Рита Трпчева Поповиќ. Со исклучок на Брамсовата соната за кларинет и пијано бр.2, останатите дела припаѓаат на  музиката на дваесетиот век, која по природата на стилската разновидност, ја сметам за предизвикувачки интересна,, изјави Димов.

Концертот ќе се одржи во салата на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на 24 декември-понеделник, со почеток во 20 часот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1