Со само 3 состојки направете си совршени чоколадни лава колачи (Видео)


Доколку сакате да ги изненадите членовите на семејството со вашите кулинарски вештини, а немате премногу време или знаење за готвењето, овој рецепт е како создаден за вас. Направете ги овие вкусни и едноставни лава колачиња со само три состојки, а кои во средината кријат топла чоколадна смеса.

60912490-desert-cokoladni-lava-kolacici-650x325Состојки:

– 3 јајца
– 1/4 чаша брашно
– 250 грама млечно чоколадо или чоколадо за готвење.

Подготовка:

1. Скршете ги јајцата во сад за мешање и додадете брашно. Измешајте со миксер сè заедно.

2. Се топи чоколадото и се меша со состојките во садот додека не се формира еднаква кремаста смеса.

3. Истурете 1/3 од смесата во калапите за мафини.

4. Се пече во рерна на 180 степени околу 20 минути, или додека колачињата не се запечат однадвор, а средината да остане мека.

Совет:

Украсете ги колачињата со шеќер во прав и послужете ги во комбинација со сладолед од ванила или шлаг.

365.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1