Со слика од туѓо дете, собирала пари наводно за „својот син заболен од рак“ – Фото


Девојка која се претставувала под името Кејси Боуман од интернет украла фотографија на синот на Сара Гилијам, Џејк и си ја ставила на блог на кој покренала „хумана акција за помош на нејзиниот син заболен од леукемија“.

слика детеHuffingtonpost.com објави приказна за Сара Гилијам, професионален фотограф од Тенеси, САД, која открила ужасна и добро разработена интернет измама со која неименувана тинејџерка со лажното име Кејси Боуман се обидела да заработи пари. Имено лажната Кејси, злоупотребувајќи ја сликата на синот на Сара, Џек, конструирала приказна за „својот син заболен од леукемија“ на кој му дала име Рајли.

Измамничката на застанала тука, туку и измислена приказна дека Рајли починал, ја проширила на социјалните мрежи со фотографии од блузи на кои се испишани тажни пораки во знак на сеќавањето на Рајли. Се разбира, блузите можеле да се купат на Интернет.

rajli

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1