Со стартот на учебната година, опасност од вируси и бактерии, вакцинирајте ги децата


Пневмонија, бронхитис, сепса и менигит ….Овие опасни заболувања се потенцијална закана за малите дечиња доколку се заразат со бактеријата стрептокока. Поради намалениот имунитет, педијатрите предупредуваат дека последиците по здравјето во некои случаи можат да бидат и фатални. Од пред една година во центрите за имунизација во земјата родителите можат да ги заштитат децата со вакцина. Таа е бесплатна и незадолжителна. Досега ја примиле околу 1000 дечиња од 6 месечна до 5 годишна возраст.temperatura.jpg-500

– Во зависност од возраста така се одредуваат и дозите. Бактеријата е опасна и најчесто малитер деца поради компликациите завршуваат во болница. Мора да ги придружува и родител, што значи отсуство на мајката или таткото од работа, вели др. Татјана Баевска Вучковиќ, педијатар и директор на Здравствен дом Скопје.

Според статистичките податоци во Македонија годишно над 2000 деца заболуваат од бактериска пневмонија каде во 90 проценти од случаите причинител е бактеријата стрептококус пнеумониае. Во голем број земји во светот, вакцинацијата против стрептокока е задолжителна. И македонското педијатриско здружение ќе побара оваа вакцина да биде дел од календарот за имунизација.

– Вакцината има ефект, засега е рано да ги анализираме сите сегменти бидејќи е потребна поголема група, а не изолирана како сега, вели Баевска

До центрите за имунизација досега не е пријавена несакана реакција од вакцината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1