Доаѓа епоха на потрошувачко друштво, на планетата пресушуваат остатоците од значајните животни ресурси, светот се насочува кон глобална војна, која е невозможно да се спречи. катаклизма која е надвор од контрола, на човештвото му се закануваат потреси, глад, деструкција и смртни случаеви.
Вакво мислење дава италијанскиот новинар, политичар и публицист Џулијето Кјеза, во интервју за руската агенција Регнум….
Во интервјуто за Регнум тој настојува да ги одбрани своите ставови.
РЕГНУМ: Да почнеме од вашиот познат став дека со светот владеат девет луѓе. Кои се тие?
„Тие можат да бидат 9, но можат да бидат и 15, тоа и не е толку важно. Едноставно, мала група на луѓе секој месец се состанува и одлучува за судбината на 7 милијарди луѓе. Се работи за директори на големи банки и финансиски империи, кои не се појавуваат во јавноста и чии лица не ги знаеме, но во рацете токму на тие финансиски мегамагнати е сконцентрирана реална власт над светот. Тие стојат зад параванот и ги влечат конците, прават обврт на милијарди и билиони, поставуваат влади кои им опслужуваат на нивните интереси.
Токму тие се одговорни за кризата која го зафатила свеотот. Тие го симболизираат фијаското на западната цивилизација. А, ако шака луѓе го одредуваат светскиот поредок, тогаш нема што да се зборува за западната либерална демократија.
РЕГНУМ: Вие сметате дека овие луѓе свесно ја создале денешната светска криза?
Не само тие. Овие тврдења се актуелни и за сите претходни кризи кои биле измоделирани и вештачки направени, а потоа со истите и се управувало.
Сегашната криза не може да се контролира во значителна мера затоа што е условена од големиот дефицит на ресурси во светот. Едноставно, светската елита не е предвидлива и не претпоставила дека големиот дефицит на ресурси ќе настапи со волкава брзина, а и ние останатите не го предвидовме ова.
Меѓутоа од друга страна тие направија се што е во нивна моќ да го убрзаат неминовното приближување на крахот. Погледнете во светот секој час и секоја минута се создава вештачко богатство чиј обем е 20 до 25 пати од реалниот БДП.
Мегамагнатите прават виртуелни, непостоечки пари, на кои зарабоуваат реално богатство и на тој начин го надувуваат меурот од сапуницата кои порано или подоцна ќе пукне.
Од друга страна, западната цивилизација – не е целиот свет, надвор од неа се развиваат и други земји. Денес 4 милијарди луѓе живеат паралелно со Западот, освојувајќи се поголема независност, а контролата над нив е се потешко да се оствари.
Ако пред 15 годинии зборот Вашингтон бил закон во земјите во развој, тие денес се развиваат независно, а не како што било случај порано. Бесконечниот развој на економијата во затворен ресурсен систем не е возможен и според тоа, нивото на животниот стандард во земјите на Западот не може да се држи на ниво на кое во моментов се наоѓа.
Тие можат да испечатат милијарди пари, но проблемот со дефицитот на ресурси нема да биде решен. Паѓа нивото на управување со ситуацијата, Западот полека ја губи контролата. За да ја задржи елитата прави претстава, се обидува на тој начин да ги задржи во свои раце заштедите и управувањето.
РЕГНУМ: Да се вратиме на претставите: Пред 11 години во САД е одиграна претставата под име „Напад на терористите на САД“, а пред неколку дена беше „обележена“ трагедијата од пред 11 години. Многу луѓе и денес веруваат дека 11 септември, меѓународните терористи ги нападнале САД и направиле крвав масакр. Што вие ќе кажете во врска со тоа?
„Веруваат не само многу луѓе, туку милијарди. Ако излезете на улица и 10-на од нив ги запрашате, 9 од нив ќе ви одговорат и тоа доста уверливо дека во 2011 година терористите од Ал Каеда ги организирале терористичките напади во кои загинаа 1000 луѓе, затоа што тие се злото и не ја сакаат Америка и слично.
Тоа може да се спореди со филмот „Матрица“- во кој милиони луѓе живеат и се радуваат за се во своето незнаење, не знаат што им се случува пред носот. Но, тие луѓе не е тешко да ги сватите, тое се обични граѓани кои имаат свои живот, свои интереси, хобија, семејства и пријатели, тие се нормални.
На нив не им влегува во глава дека државата е подготвена за еден час да убие три илјади свои граѓани. Денеска во светот поголем број на луѓе ја знаат точната и реална вистина за настанот кој што се случи на 11 септември пред 10 години. Сите ние знаеме многу повеќе.
Самиот јас работев на оваа тематика која за мене беше како еден вид на будилник кои ми навестуваше дека моите претходни претстави за работите на современиот свет се неактуелни.
Терористичкиот напад 11 септември многумина ги наведе да размислуваат.
РЕГНУМ: Го нарекувате 11 септември „терористички акт“, но многумуна се склони на тоа да го наречат провокација.
Едното не го исклучува другото. Тоа беше терористички акт, но прашањето всушност треба да биде кој го изврши истото. Ал Каеда со 11 септември нема никаква врска. Тоа е дело на американските специјални служби, израелскиот Мосад, Пакистан, Саудиска Арабија…
Светската елита почуствува дека ги губи конците за управување и дека се наоѓа на самиот праг на крахот, затоа требало да направи некоја нова криза. Требало ефикасно да одигра уште една сцена, претстава, која би им овозможила на американскиот народ и сателитите на САД да ги збијат своите редови пред лицето на митолошкиот надворешен непријател.
За нив, мојот, вашиот и живот на десетина, стотина, илјадници луѓе не вреди ништо, тие сакаат да ги остварат своите желби. Но, нормалните луѓе тоа не го знаат, поради тоа што размислуваат со човековите категории. А, светската елита не е таква. Тоа се мутанти, претставници на друга антрополошка група која ги смета цифрите и без размислување, фактички потпишува смртни пресуди.
Тие се собираат, ги префрлаат билионите долари од точката А во точката Б, не сваќаат дека се ближи крајот на последиците од нивните активности.
Терористичките напади на 11 септември е сведоштво на ваквата кратковидост и начин дека животот се одржува во организмот кој што е веќе мртов.
РЕГНУМ: И уште колку време „лешот“ ќе се одржува во живот?
Борбата со кризата е се потешка, а можностите за адекватен одговор се се помали. Не се работи само за финансиска, туку и за демографска, енергетска, социјална, хуманитарна и друг вид на криза која е се поголема. Тоа е циклусот кој секој нареден пат трае се пократко.
Кризата беше во 2001 година, потоа во 2007-2008, следната настапи веќе во 2011 година. Тоа е спирала која на крајот се сведува на црната дупка.
Сите патокази алудираат на војна, глобална, голема војна за ресурси. Кога ќе се постави прашањето „ќе има или нема да има“ – големите сили доаѓаат во големо искушение да употребат оружје против послабиот.
РЕГНУМ: Соголете го светот и обезбедете си пристоен живот со милијардите?
Токму така!
РЕГНУМ: По 9/11 на Запад се почесто се слуша терминот „исламски фундаметализам“. Во Европа денес озбилно се разгледува степенот на опасност од исламот за опстојување на западната цивилизација. Мислите ли дека ова е уште една закана за глобалната организациа и дека следува модерен конфликт меѓу Западот и Истокот?
Треба да се признае дека прогнозата на Семјуел Хантингтон изложена во членот „Конфликтот на цивилизациите? Се остварува. Сватете во Африка на пример, милијарди луѓе живеат во својот век, по свои обичаи, по свои обичаи, по своја традиција и кога ќе се обидат да им наметнат став дека тие не живеат онака како што треба, тоа доведува до конфликт. Кога се говори за хипотетична интеграција на различната култура и цивилизација тоа секогаш е актуелно.
Конфликтот на цивилизациите – тоа е војна, но доколку Западот со Авганистан и Либија успее да извојува мала или поголема победа над „непријателите“ и дека на тој начин глобализацијата ќе ја помери за уште еден чекор понапред, се поставува прашањето што Запад ќе прави со Кина која има 1,3 милијарди луѓе?