Снемува инсулин!


При крај се залихите на еден од инсулините од кој зависат повеќе од 10 илјади дијабетичари. Дел од  инсулинските аптеки веќе ги испразниле рафтовите и на пацинетите им соопштиле дека лекот ќе го добијат дури во ноември. Револтирани и исплашени за своето здравје, редици граѓани уште рано утрината чекаа соодветна замена за досегашната терапија во Центарот за дијабетес на клинички – објави „Телма“.

insulin– Дојдов за да ја сменам терапијата, ме пратија од „Јане Сандански“, бидејќи таму немаат на залиха ‘новомикс“.Сега бараат да платам преглед, а зошто да платам кога по нивна вина не ми даваат инсулин. И сега под принуда мора да го смениме инсулинот, а зошто да го менуваме, кога тој ми е добар. Новиот дури го прифати организмот ќе има проблеми, а прашање е и дали воопшто ќе одговара или не – вели еден пациент во изјава за телевизијата.

Од Здружението на дијабетичари потврдија дека при крај се резервите на еден од исулините, и на Министерството за здравство му порачаа дека недозволиво е преку ноќ да им се менува терапијата на пацинетите.

– Пенкалото е живот за овие пацинти, без него тие не можат, затоа се возбудени и регаираат секаде. Министерството го знае тој факт и не смее да дозволи да се потрошат предвреме парите од страна на една компанија и пацинетите да останат без тој инсулин кој со години го земаат и на кој се навикнале – вели за „Телма“ д-р Аврам Ванковски, претседател на Здружение на дијабетичари.
Од Министерството за здравство уверуваат дека пацинетите нема да останат без терапија и дека замената на еден тип на инсулин со друг, нема никаков ризик по здравјето на пациентите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1