Со црвени чадори сексуални работници на марш низ Скопје (Фото)


Со црвени чадори во рацете, сексуални работници, граѓани и активисти излегоа на марш низ Скопје во пресрет на Меѓународниот ден за запирање на насилството врз сексуалните работници, 17 декември. Стигмата убива, порачаа тие.e52e9559080e955c405ec4343e0d5c3f3c95f685ec6f8866f215befb39d58763

Првиот колектив на сексуални работници „Стар Стар“ од Скопје, годинава по осми пат се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон овие работници. Од колективот укажуваат дека тие се плашат да пријават насилство бидејќи не веруваат дека институциите ќе ги заштитат. Дополнителен проблем, според Борче Божинов, од „Стар Стар“ е непостоењето закони за нивна заштита, што допочнително ги обесхрабрува овие лица да се спротивстават на насилството кое ја прати нивната работа.

Црвениот чадор пак кој е дел и од маршот во Скопје, е глобален симбол на сексуалната работа.c4c5a28eb48698c32a10a9f8b537c2714c891bd29abe432b6ebb7c3b245996cf

8eeeed4a5f4a15c355346924d27790b967a3a69185cf30c1c9c9104920cb1e40044f92db369e281854274ae75fb7686207906767cebab52dc5e20fdab4db62a8

d4c98a4f5f57c173b81e4c4c1df5ffd0caa6f196750e5dfe188b6a5ffd842ddb d149cf98516a942050e2c11e46aa051cd9b807f3a02662d5cc5233f64196ecea

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1