Одбележување на 245 години од раѓањето на Бетовен


Денес се одбележуваат 245 години од раѓањето на неповторливиот Бетовен.

Со својот приватен живот, мрачниот карактер и нескротлив дух, но со луцидни и брилијантни блесоци на неговата музичка величественост, остана запаметен како контроверзна личност од светот на уметноста, а со своите дела остави маркантно влијание и печат врз музичката уметност.betoven-kompozitor-640x360

Лудвиг ван Бетовен е роден 17 декември 1770, а починал на 26 март 1827, германски композитор на класична музика и пијанист.

Тој и ден денес е еден од најпочитуваните и највлијателни композитори на сите времиња.

„Месечева сонта“ е едно од неговите најпознати дела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1