Вчера околу 14.15 часот во с.Кондово, скопско, во врска со случена сообраќајна незгода пред неколку месеци, две лица од с.Кондово го пресретнале Н.М. (31) од с.Кондово, го извадиле од неговото патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и физички го нападнале со удари со тупаници по целото тело, а потоа со кундак од пиштол и пушка го удирале по глава.
Истите му барале пари за судските трошоци за сообраќајната незгода. Н.М. го пријавил настанот во ПС Ѓорче Петров, по што му била укажана лекарска помош во Градската општа болница каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.