Станува збор за Н.Т. на возраст од 51 година, кој покрај за кражбата на иконите и на крстот, е осомничен и за други тешки кражби што ги извршил со примена на физичка сила.
Против осомничениот за кражбите од полицијата се поднесени три кривични пријави за сторени три кривични дела: разбојничка кражба, кражба и разбојништво.
Според битолската полиција, пријавениот Н.Т. ги извршил делата на 21, 22 и 27 јануари оваа година, на три различни локации во Битола.
Според портпаролката на СВР-Битола, Магдалена Димитровска, Н.Т. е фатен откако со претходна постапка од полициски службеници од СВР-Битола бил извршен претрес во неговиот дом, во кој се пронајдени украдените икони, како и еден стар црковен дрвен крст, кој од страна на отец од храмот „Пресвета Богородица“ во Битола бил препознаен.
Засега не е познато чија сопственост се украдените икони и тоа ќе се утврдува во наредниот период. Истражен судија на Основниот суд во Битола на Н.Т. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.