Со украдени икони си правел „црква“ дома


Станува збор за Н.Т. на возраст од 51 година, кој покрај за кражбата на иконите и на крстот, е осомничен и за други тешки кражби што ги извршил со примена на физичка сила.

ikoniПротив осомничениот за кражбите од полицијата се поднесени три кривични пријави за сторени три кривични дела: разбојничка кражба, кражба и разбојништво.

Според битолската полиција, пријавениот Н.Т. ги извршил делата на 21, 22 и 27 јануари оваа година, на три различни локации во Битола.

Според портпаролката на СВР-Битола, Магдалена Димитровска, Н.Т. е фатен откако со претходна постапка од полициски службеници од СВР-Битола бил извршен претрес во неговиот дом, во кој се пронајдени украдените икони, како и еден стар црковен дрвен крст, кој од страна на отец од храмот „Пресвета Богородица“ во Битола бил препознаен.

Засега не е познато чија сопственост се украдените икони и тоа ќе се утврдува во наредниот период. Истражен судија на Основниот суд во Битола на Н.Т. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1