Одличен ученик уби професор и полицаец поради златен медал


Еден полицаец и еден наставник од средно училиште во Москва беа убиени вчераутро, а вооружениот ученик, кој е осомничен за убиствата, е уапсен. Во инцидентот е ранет еден полицаец, пренесе РИА Новости. Ученикот Сергеј Гордеев бил во конфликт со 37-годишниот професор по географија Андреј Kирилов, кој бил против Сергеј да добие златен медал за постигнувањата.

0,,17404935_303,00– Го застрела наставникот во стомакот, провери дали е жив и повторно му пукаше во главата – вели еден од соучениците на Сергеј за „Лајфњуз“.

Обезбедувањето сфатило дека не може да се справи со ситуацијата и повикало полиција, која веднаш стигнала во училиштето, но Сергеј отворил оган кон нив и убил еден полицаец, а уште еден бил ранет. Тој зел како заложници над 20 тинејџери на возраст од 15 години, кои подоцна биле ослободени неповредени.

Пред да биде приведен, Сергеј успеал да пука најмалку 11 пати, пренесе „Раша тудеј“. Во приведувањето на Сергеј помогнал и татко му, на чие име било регистрирано оружјето. Учениците што биле во заложништво подоцна се испрашани од Рускиот истражувачки комитет. На учениците им биле запленети телефоните затоа што почнале да пишуваат информации за инцидентот на интернет.

Портпаролот на Истражувачкиот комитет, Владимир Маркин, соопшти дека приведениот ќе биде обвинет за убиство, киднапирање и за загрозување на животот на спроведувач на законот. Според членот 317 од рускиот кривичен законик, загрозувањето на животот на лице што го спроведува законот се казнува со затвор во времетраење од 12 до 20 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1