Двајцата руски пилоти, кои се катапултирале откако нивниот авион Су-24 денеска беше соборен со ракета истрелана од турски ловец Ф-16, се живи и Турција се обидува да ги пронајде и евакуира, јавија турските медиуми.
Претходно попладнево турски медиуми објавија дека двајцата пилоти биле ликвидирани од припадници на туркменска бунтовничка група во Сирија.
– Ние ги убивме двајцата пилоти, веднаш по нивното приземјување со падобран, изјавил претставник на оваа бунтовничка група за агенцијата Доган и за телевизијата Си-Ен-Ен Турк.