Македонија оди на референдум за името Република Северна Македонија. Граѓаните на 30 септември ќе гласаат дали се за или против членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција. Типот на референдумот е консултативен. Собранието во експресна седница од еден час со 67 гласа за и ниту еден против ја донесе одлуката за распишување на референдумот која стигна од владејачктот мнозинство.
Пратениците од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во моментот на гласање. Од нивно име против ваквиот начин на носење на одлуката говореше единствено пратеникот Никола Мицовски.
ВМРОИ-ДПМНЕ поднесе и два амандмани на одлука со кои бара да се смени акрактерот на референдумот в задолжителен и да се избрише делот од прашањето кој се однесува на членството во ЕУ и НАТО.
За власта одлуката е историска и неповторлива шанса за исполнување на стратешката цел од осамостојувањето – целосна евроатланска интеграција.
Во гласањето на учествуваше ни Алијансата на Албанците. За Зијадин Села догворот со Грција е неправичен за Албанците во делот на државјанството каде што и за припадниците на албанската заедница ќе стои македонско, државјанин на Република Северна Македонија.
Претходно, став околу одлуката за референдум имаше и премиерот Зоран Заев кој ја повика опозицијата да го убеди членството да излезе на референдум за да се обезбеди масовност.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак обивнија за самоволие и насилие на власта во донесувањето на одлуката.
Парламентот донесе и одлука за целата операција околу референдумот на Државната изборна комисија да и додели 3,5 милини евра.