Собранието ја констатираше оставката на Никола Тодоров


На почетокот на денешната собраниска седница претседателот Талат Џафери ја констатираше оставката на пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Тодоров.Џафери образложи дека според законските норми пратеникот има обврска на собраниска седница да ја образложи својата сотавка но, бидејќи е известен дека Тодоров тоа нема да го направи, тој само на констатираше дека му престанува мандатот. доров во телефоснак изјава за Телма рече дека поднесува оставка, без при тоа да образложи зошто започна да се занимава со адвокатура.

Откако вчера Никола Тодоров се откажа од пратеничката функција, следен кандидат од пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изборната единица 2 е Невенка Стаменковска. Тодоров, синоќа на својот фејсбук профил објави дека во иднина ќе се посвети на адвокатурата и на партиските активности.

Никола Тодоров до сега беше министер за здравство, а од 2009 година до 2011 беше министер за образование. Пред десетина дена, како министер во оставка, го потпиша договорот за изградба на новиот клинички центар во Скопје, кој чини 72 милиони евра. За Тодоров не беше спорно што договорот се потпишува во тек на преговори за нова влада.

Тој има 38 години и сега реши да се занимава со адвокатура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1