Собранието ја прифати оставката на Груевски – Опозицијата ја напушти собраниската сала


Претседателот на Собранието Трајко Вељановски ја отвори 87-мата седница на зконодавниот Дом на која ја стави на дневен ред точката со оставката на премиерот Никола Груевски. Sobranie

Спикерот истакна дека согласно деловничките и законските можности премиерот Груевски има можност да ја образложи својата оставка, но тој ги известил собраниските служби дека нема да го стори тоа.

Со оставката на премиерот, во оставка е целата влада, истакна Вељановски кој информираше дека на седницата ги поканил и Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и премиерот во оставка Груевски, како и сите членови на владата.

Опозицијата ја напушти собраниската сала. Сугарески од СДСМ рече дека 10 години се чекаше, како што рече, да падне главата на режимот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1