Собранието заседава – оставка на Груевски на дневен ред – закажување избори на 24 април


Предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, како што е предвидено со Договорот од Пржино од 15 јули и измените на Изборниот законик.

Ова е одлуката која акламативно ја донеле двете владејачки партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во своите партиски тела. Како што ни потврдија од партијата на Никола Груевски, Извршниот комитет на денешната седница акламитвно донел одлука изборите да се одржат на 24 април.glasanje izbori sobranie

– Македонија е предолго во агонија и заложништво од страна на СДСМ. Народот очекува што поскоро да тргнеме напред – стои во образложението на одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува ДНЕВНИК.

Нема официјална потврда од ДУИ за донесената одлука, но нејзиниот генерален секретар Абдулаким Адеми на својот Фејсбук профил пред еден час напиша: „24 Април 2016 сепак ќе биде значаен ден за Македонија“.

За ваквата одлука веднаш беа информирани и партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.

Двете партии утрово испратија соопштенија за тоа дека даваат поддршка и согласност со предложените методологии за прочистување на Избирачкиот список од страна на Државната изборна комисија. Образложението е дека не сакаат да бидат кочничари во процесот и обврските од Пржино да с еисполнат во целост.

Собранието на РМ денеска во 17.00 часот ќе одржи седница на која ќе треба да се констатира оставката на премиерот Никола Груевски кој тој ја поднесе пред неколку дена за да го запази рокот за негово повлекување 100 дена пред предвремените парламентарни избори.

Седницата е закажана откако двете владејаки партии констатираа дека изборите сепак ќе се одржат на 24 април како што предвидува договорот од Пржино од 15 јули, кога сите лидери го усогласија и го прифатија овој термин. Неизвесно е дали по оваа седница, вечерва ќе биде закажана и нова седница за избор на владата која ќе ги организира изборите. Како што е познато, согласно договорот од Пржино и измените во законот за Влада, ВМРО-ДПМНЕ одреди нов мандатар за оваа влада да биде партискиот секретар и пратеник Емил Димитриев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1