Солзавец фрлен во Косовскиот парламент за време на седница (ФОТО)


Седницата на Собранието на Косово која неколку пати била прекинувана поради опструкција на опозицијата, повторно е прекината поради големо количество чад.  Според приштинските медиуми, салата била преполна со дим од непознато потекло, а наводно за тоа биле одговорни пратениците на опозицијата.

Новинарот Винсент Трист на својот Твитер профил објави од фрлен солзавец на седница на Косовскиот парламентCQyYvnaWEAAosut-540x304

Седницата на косовскиот парламент е одложена претходно откако пратениците на опозицијата излегле пред столицата на собранискиот спикер и го спречиле да продолжи со работа.Во моментот кога претседателот на парламентот Кадри Весели се обидел да се обрати на новинарите, опозициските новинари го спречиле со гласно свирење и свирчиња.

CQyaHqAWcAAmk1P-540x405

Пред почетокот на седницата пратениците од опозициската Самоопределување и Алијансата за иднина на Косово ја симнале прекривката од уметничките слики во холот на Собранието на Косово, на кои се наоѓаат мотиви од албанската историја, кои биле покриени повеќе од 10 години. Во тоа учествувале и лидерот на Алијансата Рамуш Харадинај и претседателот на Иницијативата за Косово Фатмир Лимај. Тие слики биле покриени за време на реконструкцијата на косовското собрание на инсистирање на српските пратеници и на УНМИК.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1