Солзи и болка: Погребани децата кои се удавија – Немања погребан, Милош кремиран


Неколку стотици луѓе денеска се збогуваа од загинатите момчиња Немања Антиќ и Милош Јанковиќ, кои прерано ги загубија животите во стравичната сообраќајна несреќа.

Милош беше кремиран во 16 часот на Новите гробишта во Белград, а еден час пред тоа до вечното почивалиште беше испратен и Немања. 16-годишната Анастасија Стајиќ ќе биде погребана утре.

zaginatite11

Пријателите, роднините, семејствата и останатите момчиња и девојката кои беа дел од оваа трагедија се збогуваа со загинатите Немања и Милош.

Мајката на 18-годишниот Немања, Милена Антиќ за смртта на нејзниот син дознала од неговите другари утрото кога тргнала на работа. Пред тоа гледала вести и слушнала за сообраќајната несреќа, но не се ни посомневала дека нејзиниот Немања бил во тоа БМВ.

– Немања ми рече дека ќе оди да се види со девојката и тоа е последниот пат кога го видов и го слушнав. Утрото, кога станав гледав телевизија и видов вест дека тројца млади лица загинале кога БМВ влетало во Дунав, а не се посомневав дека меѓу нив е и мојот Немања. Помислив на несреќните родители на тие деца. Не ни насетив дека мојот син бил токму во тој автомобил и чекав да ми се јави. Се подготвив и тргнав на работа, но среде улица ме сретнаа другарите на Немања и ми кажаа дека тој загинал. Сега го видов во судската медицина и за последен пат го прегрнав и го бакна. Не можев да се одвојам од него, раскажува мајката на младиот ватерполист.nesreca-milos-nemanja500

Таа додала дека е лута на полицијата која до ден денеска не и соопштила дека нејзиниот син загинал.

Заедно со Немања загина и неговата 16-годишна девојка Анастасија Стајиќ, со која, како што потврдила мајката, биле неколку години во врска.

– Сигурно знам дека Милош не е на сила ставен во багажот, туку тој доброволно го направил тоа, бидејќи сите му биле пријатели. Не знам како понатаму ќе живееме без Немања, Милош и Анастасија, но знам дека на Милица, Лука и Душан им е потешко бидејќи тие беа во автомобилот во моментот кога нивните пријатели загинаа, рекол за Ало еден од заедничките другариSahrana-Nemanja-Antic500

На погребите присуствуваше и водителката Оља Бечковиќ, чиј син Лука ја преживеа страшната сообраќајна несреќа и успеа да исплива од водите на Дунав.

19-годишниот Душан Јовановиќ кој управуваше со БМВ-то, кое заврши во реката Дунав, не се збогуваше од другарите бидејќи се наоѓа во притвор.

На него му е одреден едномесечен притвор и моментално е во тешка психичка состојба. За направеното кривично дело му се заканува казна затвор од 12 години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1