„Денес не успеавме да сочуваме еден ангел, не можевме да и помогнеме да стане. Ивана, те загубивме, ама засекогаш ќе бидеш во нашите срца“.
14-годишната Ивана која беше силувана и убиена од монструмот Дарко Костиќ доби последен поздрав од семејството, пријателите и соучениците.
Од капелата, пред да се тргне кон гробот, нејзиниот класен раководител одржа потресен говор.
Молкот беше прекинат само од тешки силни викотници, предизвикани од болка и гнев. Како што пишуваат српските медиуми, мајката на Ивана не собрала сили да присуствува на погребот. Таа неколкупати се онесвестувала, па докторите постојано и ставале инјекции за смирување.
14-годишната Ивана Подрашчиќ на 31 јули брутално ја силувал и убил Дарко Костиќ. Нејзиното тело беше пронајдено закопано во напуштена куќа на Петлово Брдо на 2.октомври.