Сомнителен пакет го затвори лондонскиот аеродром „Лутон“


Британската полиција соопшти дека „сомнителен пакет“ е пронајден на лондонскиот аеродром Лутон. Не се дадени други детали за овој безбедноснен инцидент, освен дека сите патници кои во моментот се наоѓале во аеродромската зграда се итно евакуирани.

Пакетот е пронајден во безбедносно чувствителниот дел од аеродромот во 14 часот по локално време. Повикани се специјалните единици и оперативци за да ја испитаат содржината на пакетот.

Сите летови кон и од Лондон, од овој аеродром се откажани додека трае безбедносната тревога на Лутон.

londonLuton-airport-685x320Полицијата ги блокираше и ги затвори сите пристапни патишта кон аеродромот во овој мал град, во близина на Лондон.

Претставник на аеродромските власти изјави дека знае оти инцидентот и откажаните летови ќе предизвикаат проблеми при патувањето за патниците, но инсистираше дека безбедноста на луѓето е примарна задача, па затоа патниците треба да имаат разбирање за сите постапки на управата.

Патниците кои се затекнаа во моментот на избувнувањето на тревогата изјавуваат дека на Лутон „владее хаос“ но дека персоналот на аердоромот успешно се справува со целата ситуација.

Лутон и неговиот аеродром се наоѓаат на 40 километри од центарот на британскиот главен град. Тоа е петтиот аеродром на Лондон и од него полетуваат и слетуваат авионите на линијата со Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1