Вторник ќе започне со сончево претпладне и пладне, а попладне развој на облачност и дожд ќе има во западниот дел од земјата. Врнежите од оваа облачност ќе бидат од локален карактер и ќе бидат проследени со грмежи. Постои веројатност во текот на вечерта дожд и грмежи да има и во југоисточниот регион. Врнежи ќе има и во текот на ноќта кон среда.
Денот ќе биде топол. Максимална температура околу 32°С се очекува во северната половина на земјата, околу 30°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток, до 35°С.
Среда исто така носи променливо и претежно облачно време. Врнежи проследени со грмежи низ земјава ќе има уште во текот на утринските часови, на повеќе места. Сепак, источниот крај ќе биде помалку врнежлив за разлика од западниот. Попладне повторно се очекуваат врнежи, но од локален карактер.
Во однос на вторник, среда ќе биде посвежа за околу 3°С.
Во четврток продолжува трендот на променливо време, но помалку врнежи за разлика од среда. Истите ќе бидат застапени во текот на попладнето, ќе бидат од локален карактер и проследени со поретка појава на грмежи.
Максимална температура околу 28°С се очекува во северната половина на земјата, околу 27°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток, до 31°С.
Петок ќе биде потопол во однос на четврток за околу 2°С до 3°С. Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има поретка појава на локална облачност која ќе донесе повремен дожд и грмежи.