Во Македонија во вторник претпладне ке биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд.
Слаб променлив ветар. Утринските температури од 8°C до 17°C, а максималните дневни температури ке се движат од 18°C до 28°C.
Во Скопје во вторник ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи. Слаб ветар. Утринската температура од 14°C, а максималната дневна ке достигне до 25°C.
Умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд ке биде и во среда. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветар, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар.
Утринските температури ке се движат од 9°C до 18°C, а максималните дневни ке достигнат до 22°C односно до 29°C.
Четврток ке ни донесе нестабилност и локални врнежи од дожд. Ке дува слаб југоисточен, а во западните предели слаб југозападен ветар. Во попладневните часови југоисточниот ветар ке премине во северозападен. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни ке се движат од 21°C до 27°C.
weather4all