По Грција сега и Бугарија може да не уценува за ЕУ


Бугарија ќе искористи што Македонија и Србија се поблиску до Европската унија за да со уцени реши некои отворени билатерални прашања, објави германското радио „Дојче Веле“.

 

Лани потпретседателка на Бугарија Маргарита Попова, нагласи дека Србија нема да стане членка на ЕУ доколку не ги реши проблемите на своето бугарско малцинство.Попова дури потсети дека Софија би можела да го искористи своето право на вето.

Поранешниот шеф на бугарскиот преговаачки тим за членство во ЕУ, Антоанета Приматарова смета дека ако Софија се обиде на тој начин да ги реши отворените билатерали спорови, би било несоодветно и невкусно.

Приматарова за „Дојче Веле“ вели дека бугарско-македонските спорови околу јазикот, историјата и културата е тешко да се дефинираат правно.

– Се надеваме дека нема да доживееме бугарско продолжение на лудата расправија меѓу Грција и Македонија околу името, потенцира Приматарова.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1