Вечерва околу 19:30 часот се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола кај селото Алинци. Загинало едно лице во судир на автомобил „опел астра“ со битолски таблички и шлепер со скопски регистарски таблички, јави Шеталиште.
Според сајтот, сообраќајката се случила така што автомобилот директно се судрил со шлеперот.
Кратко после трагичната сообраќајка, не забележувајќи ја колоната од возила и реагирајќи предоцна, се судриле уште неколку возила, при што две лица се повредени. Тие се пренесени во Градската болница во Прилеп.
Шеталиште известува и дека на излезот од Прилеп кон Плетвар, кај бензинската станица на „Лукоил“ е најдено оштетено возило за за кое се уште нема потврда дали е предмет на напад или сообраќајна несреќа.
Полицијата е на терен и врши увид на сообраќајните несреќи.