Сообраќајка кај Ресен – повредени тројца тинејџери


Сообраќајна незгода се случила попладнево околу 15 часот и 23 минути на патот Ресен – Битола, автомобил Југо со ресенски регистарски таблички, излетал од патот.

soobrakjajka sudirВозилото го управувало лицето О.М роден 1996 година, со неполни 18 години, а во автомобилот бил со двајца сопатници И.А (18) и А.Ј (16) сите тројца од Ресен. Лицата со возило на Брза помош се пренесени во болница во Битола каде им се констатирани полесни повреди, потврдија од СВР Битола.

Додека возилото на брзата  помош се упатувало на местото на несреќата имало уште  една сообраќајка, по што се пратени уште две возила од Ресенската амбуланта кон местото на несреќата.

Лицата со возило на Брза помош се пренесени во болница во Битола каде им се констатирани полесни повреди, потврдија од СВР Битола.

Увид на местото извршило полициското одделение, причините се се уште непознати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1