МекДоналдс објави од што се прават нивните пилешки крокети (Видео)


Пред неколку години на интернет се прошири слика од розева смеса за која се тврдеше дека од неа се прават пилешките крокети на МекДоналдс.

McDonalds-McNuggets-rozeva-smesa-01МекДоналдс никогаш ниту ја потврди ниту ја негираше приказната која кога се појави на интернет.

Но, МекДоналдс неодамна објави видео снимено во еден од нивните ресторани во Канада каде што се произведуваат пилешките крокети со цел да се уништи митот дека составот на нивните крокети е од мистериозна синтетичка маса.

Многумина сметаат дека ова е обид да се исперат откако наголемо дури и светскиот готвач Џејми Оливер објави војна на МекДоналдс и тој лично пред малите екрани демонстрираше како се прави смесата за сите смрзнати пилешки крокети – односно дека се мелат кожа, цревца, коски, остатоци од месо. Неговиот експеримент изгледаше идентично како смесата на сликата.

Во новото видео од МекДоналдс велат – “Не знаеме за што станува збор ниту пак кој ја прошири таа приказа, но тоа нема никаква допирна точка со нашиот производ” – изјави Николета Стефоу од МекДоналдс.

Процесот започнува со вадење на коските од месото, кое потоа се дроби и се меша со зачини. Месото потоа се сече на малечки парчиња во различни форми, кои на крајот се пакуваат и замрзнати се испорачуваат до сите ресторани на МекДоналдс, како се тоа изгледа можете да видите во видеото подоле.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1